Инфо и Работно време :
+38977667371 +38977667372 +38977532358 +38975250757
Пон-Саб 08:00-20:00
Одбравте да купите :
All4Home

Правилник

ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ

  • All4Home обезбедува достава на сите производи купени во сопствените салони.
  • Доставата на производите е бесплатна за сите нарачки чија вредност надминува 10.000 денари.
  • За поединечни нарачки со вредност под 10.000 денари, за кој купувачите сакаат достава до дома, се доплаќа за превоз 500 денари.
  • Доставата на мебелот се врши до куќниот број на купувачите. Начинот и времето на достава се договараат за време на купувањето на производите, и купувачите секогаш се известени пред испораката на мебелот.
  • Истоварот и внесувањето на робата е обврска на купувачот.

МОНТАЖА НА ПРОИЗВОДИ

Монтажата на купената стока ја овозможуваме под следните услови:

  • Монтажа на лежај се наплаќа 1.500 ден.
  • Монтажа на комплетна Детска соба се наплаќа 2.500 ден.
  • Монтажата на Гардеробер се наплаќа 1.500 ден.
  • Монтажа на комплетна Спална соба се наплаќа 3.000 ден.
  • Комодите, закачалките и блок кујните се продаваат и доставуваат спакувани во пакети. За добивање на комодите и закачалките монтирани во компанијата се наплаќа: 500 денари.
  • За монтирање на блок кујна во фабрика се наплаќа 2.500 ден.
  • За комбинација на две или повеќе монтажи во иста нарачка, на една локација, обезбедуваме попуст 30% од редовните цени на монтажите.

ДИМЕНЗИИ НА ПРОИЗВОДИТЕ

  • Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производот кој го купуваат.
  • Обврска на купувачот е да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот мебел
  • За информации околу димензиите и пакувањата на производите, продажниот персонал стои на располагање на секој купувач.
  • Доколку димензиите на нарачаниот производ, по нарачката, не одговараат на просторот каде треба да се внесат, компанијата не превзема одговорност и сите настанати дополнителни трошоци се на товар на купувачот.

РОКОВИ НА ИСПОРАКА

  • Рокот на испорака на производите зависи од видот на производ, односно од тоа дали се нарачува готов производ или се нарачува производ по изработка, и изнесува од 3 до 30 дена.
  • За производи за кои е потребно поголемо време за изработка и достава се известуваат самите клиенти пред склучување на нарачката.
  • Максимален рок за чување на купената роба на клиентот во нашите магацини изнесува 30 дена.
  • По дадениот рок, резервацијата на робата завршува и производите повеќе не се чуваат за конкретната нарачка
  • За нарачките кои имаат капар а не се реализирани и примени од страна на купувачот, истиот не се враќа назад.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Плаќање во готово – Кога се склучува нарачката се плаќа целиот износ или одреден процент како аванс а остатокот се доплаќа на денот на достава на мебелот.
  • Плаќање со дебитни картички – Можност да се плати на терминалите од ХалкБанк и Комерцијална банка
  • Плаќање на рати без камата со кредитни картички – овозможено преку картиците на Халкбанк и Комерцијална банка, без камата, до 12 рати.
  • Плаќање на рати преку договор за соработка – Компанијата има склучено договори за соработка со многу институции, синдикати и претпријатија со кои се овозможува вработените во тие субјекти да пазаруваат на рати во нашите салони.

РЕКЛАМАЦИИ

  • Купувачот може да пријави рекламација користејќи ги контактите од оваа веб страна.
  • Купувачот може да пријави рекламација до салонот за мебел по писмен или усмен пат.
  • Продавачот е должен најдоцна во рок од 15 дена по приемот на рекламацијата да даде свое мислење и свој предлог за решавање на пријавениот проблем;
  • Доколку се утврди дека рекламацијата е оправдана продавачот е должен во рок од 30 дена да ја отклони рекламацијата со поправање или замена на производот;
  • Доколку се утврди дека рекламацијата не е оправдана продавачот има право да бара надомест од купувачот;
  • Продавачот е одговорен за робата само во гарантниот рок до 12 месеци. Продавачот не одговара за робата која е подигната со сопствен превоз и/или извршена монтажа од трети лица, освен во случај на технички проблем;